Thursday, Mar 28, 2024
HomeГИГА БАЈТПЦКако до подобар Wi-Fi сигнал од рутерот

Како до подобар Wi-Fi сигнал од рутерот

Локацијата на Wi-Fi рутерот во вашиот дом е најважна и голема е можноста поради него да имате лош сигнал. Затоа, треба да го ставите на средината во вашиот дом. Ако го ставите во некој агол, голема е можноста на вашиот сосед да му овозможите интернет пристап, наместо себеси.

Телевизорот и сите други микробранови уреди го попречуваат сигналот, затоа ставете го рутерот настрана ако имате можност. Ако вашиот Wi-Fi рутер има антени, обидете се да ги помрднете за да видите како ќе добиете најдобар сигнал во одредени делови на домот. Со апликацијата за смартфони Speedtest.net бесплатно на овој линк можете да го проверите вашиот сигнал доколку сакате.

Извор: telefoni.mk