Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНапад над канцеларија на руско ФСБ – Тројца мртви

Напад над канцеларија на руско ФСБ – Тројца мртви

Вооружен напаѓач отвори оган во канцеларија на Далечниот исток на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), при што три лица загинаа, вклучувајќи го и напаѓачот. ФСБ соопшти дека мажот ги минал детекторите за метал, влегол во холот на ФСБ во Хабаровск и отворил оган кон присутните. Убиен е службеник на ФСБ и еден посетител, по што обезбедувањето го застрелало напаѓачот.

Во нападот е повреден еден посетител. Напаѓачот е идентификуван како А.В. Конев, роден во 1999 година и жител на областа Кабаровск, информира ТАСС. Според одредени сознанија, тој бил припадник на нео-нацистичка група.