Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНаместо разрешница нови компликации, целиот притисок врз ВМРО-ДПМНЕ

Наместо разрешница нови компликации, целиот притисок врз ВМРО-ДПМНЕ

Доаѓањето на Хојт Ји од Стејт Департментот и се поострите барања на Европската унија го префрлаат целиот дипломатски притисок врз ВМРО-ДПМНЕ кои денес мораа да голтнат тешка „кнедла“ за нив, а тоа е одложувањето на изборите на 5-ти јуни за кои тие најавуваа дека ќе бидат референдумски и дека нема да има никакви отстапки.

sobranie4dxhx

Единствен маневар е обидот да се прикаже нормална состојба по одлуката на Уставниот суд за враќање на Собранието со тоа што се прифатени условените оставки на министрите на опозицијата и нивна замена со досегашните кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е обид да се покаже сила и цврстина пред партиското членство дека владата ќе се врати во стариот состав, но реално сега државата ќе биде ставена под силен притисок да се исполнат обврските од Пржино и да се спроведат сите предвидени реформи инаку самото одложување на изборите само по себе не значи ништо. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ доживува политички пораз прави „контра-удар“ за барем за кратко да излезе како победник.

Во деновите кои ни претстојат ќе се обелодени дали партиите вршат тајни преговори за излез од актуелната криза која наместо да се разреши само се продлабочува. Компромисно решение изгледа е и далеку од дофат, но недогледот на политичкиот раскол мора да престане. Постои и можност за целосно укинување на аболицијата на претседателот Иванов и враќање на институциите во полн капацитет, за потоа партиите да го продолжат реформскиот процес.