Monday, May 6, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНајголемата желба на Клоп заврши во Милан?

Најголемата желба на Клоп заврши во Милан?

Ливерпул ја пропушти својата шанса, но не и Милан. Везистот на Удинезе Пјотр Желински кариерата ќе ја продолжи на Сан Сиро, пренесуваат медиумите. Полскиот репрезентативец, кој минатата сезона ја помина на позајмица во Емполи, беше прва желба на Јирген Клоп во овој трансфер период, но до реализација на тој трансфер очигледно нема да дојде. Во трка беше Наполи, тренерот Маурисио Сари одлично го познава од Емполи, но Удинезе ја одби нивната понуда од 15 милиони евра.

Како што стојат работите, Милан бил одлучен, испратил нешто повисока понуда која Удинезе ја прифатил, па 22-годишниот репрезентативец на Полска ќе биде нов организатор во играта на Виченцо Монтела.