Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМилан со сите сили тргна кон Коста!

Милан со сите сили тргна кон Коста!

Екипата на Милан ништо не пропушта на случајот. Во потрага се по прва класа напаѓач, прво беше објавено дека тоа ќе биде Мората од Реал Мадрид но изгледа дека од тој трансфер нема да биде ништо.

Потоа имаа доверба во Белото од Торино но неговата откупна клауза е 100 милиони евра некако премногу за еден ваков играч. Сега и се отвори нова опција и ќе пробат да ја искористат.

Диего Коста е на пред заминување од Челзи, Конте јавно му рече да не смета на него за следната сезона, тоа премногу го разочара Коста.

“Скај Спорт“ во Велика Британија објави дека лидерите на Милан контактирале со менацерот на Диего Коста и дека преговорите за негово заминување во Милано се во тек.