Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОфицијално: Милан донесе напаѓач од Премиер лигата!

Официјално: Милан донесе напаѓач од Премиер лигата!

Пристигнувањето на Фабио Борини нема да влијае на преговорите со Калиниќ, но очигледно е дека Милан има намера да го продаде и Баку и Лападула и целосно да ја промени напаѓачката линија.

Искусниот италијанец, некогашната голема надеж се врати во својата татковина на лекарски прегледи и се очекува утре да потпише договор на четири години.

Целата работа Милан ќе ја чини 6 милиони евра, Сандерленд испадна од Премиер лигата, а Борини после 5 сезони повторно ќе се врати во Италија.

Напаѓачот има 26 години, како дете тој пристигна во Челзи од Болоња, беше во Рома на позајмица, каде што даде девет гола во сезоната, не доби вистинска шанса во Ливерпул, од каде што беше праќан повторно на позајмици за на крај да пристигне во Сандерленд каде оваа године не блескаше како и целата екипа.

На Милан му треба брз и искусен играч до Андре Силва, неговото доаѓање во Милан не ја исклучува можноста Калиниќ да пристигне со кој Милан ги има договорено личните услови од договорот, останува да најдат заеднички јазик со Фиорентина околу обештетувањето.