Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМилан продолжува со доведување засилувања пристигнаа и репрезентативецот на Турција!

Милан продолжува со доведување засилувања пристигнаа и репрезентативецот на Турција!

Хакан Чалханоглу, се пресели денес од редовите на Баер Леверкузен во италијанскиот Милан, вредноста на трансферот е 20 милиони евра, но во зависност од играта на овој плејмејкер трансферот може да се зголеми до 24 милиони евра. Треба да се напомене дека Чалханоглу е најдобриот изведувач на слободни удари во Европа за изминатата сезона со 11 гола.

 

during the Bundesliga match between Bayer Leverkusen and SV Darmstadt 98 at BayArena on September 12, 2015 in Leverkusen, Germany.

Хакан Чалханоглу е роден во Германија од родители со потекло од Турција, за што се и одличи да игра за овој национален тим и досега има забележано 26 натпревари и 8 гола. Тој ја започна својата кариера во Манхајм, од каде како млад играч се сели во Карлсруе. Го прави првиот голем трансфер во Хамбург 2012 година, трансферот изнесуваше 2,5 милиони евра, а во Баер Леверкузен 2014 година, за 14,5 милиони евра. Во Леверкузен одигра 115 натпревари, постигна 28 гола и направи 29 асистенции.