Monday, May 25, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаМВР има несоборливи докази дека Ф.С. е убиецот на Мартин Јанушев

МВР има несоборливи докази дека Ф.С. е убиецот на Мартин Јанушев

spasovski

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска соопшти дека МВР има „несоборливи докази“ дека лицето Ф.С. го извршил убиството на поранешниот фудбалер Мартин Јанушев, пред две недели во населбата Аеродром.

Спасовски рече дека против Ф.С. е поднесена кривична пријава и дека на сила стапуваат и други мерки, како што е распишување на меѓународна потерница за пронаоѓање и за апсење на лицето и целосно расчистување на случајот.

Министерот за внатрешни работи додаде дека имаат индиции за местото каде се наоѓа осомничениот.

Дваесет и осумгодипшниот Јанушев беше убиен на 3 ноември годинава, со неколку истрели од огнено оружје, пред влезот од неговата зграда на улицата Владимир Комаров, во близина на кафулето „Ред кафе“, во населбата Аеродром.