Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМВР објави потерница за Филип Секуловски, осомничен за убиството на Мартин Јанушев

МВР објави потерница за Филип Секуловски, осомничен за убиството на Мартин Јанушев

Филип Секуловски, осомничен за убиството на 28-годишниот Мартин Јанушев, е ставен на листата за потраги објавена на веб сајтот на Министерството за внатрешни работи.

МВР во четвртокот соопшти дека Секуловски е осомничен за убиството на Јанушев, што се случи пред 18 дена, а по него беше и распишана меѓународна потерница.

Покрај објавената фотографија, се наведени и личните податоци на Секуловски, но таму не е наведено за кое кривично дело е осомничен, како што е случај за останатите осомничени кои се на листата за потраги.

-Имаме несоборливи докази дека лицето Ф.С. е сторител на убиството на Мартин Јанушев. Поднесена е и кривична пријава, а стапуваат и другите мерки кои треба да бидат преземени во смисла на меѓународна потерница за обезбедување на лицето и целосно расчистување на случајот – речепред неколку дена министерот Оливер Спасовски.

Управата за извршување санкции веќе потврди дека против 25-годишниот Секуловски е распишана потерница како бегалец од затворот во Шуто Оризари. Секуловски е пуштен на слободен викенд во петок пред убиството, а потоа не се вратил на издржување на казната.

Јанушев беше убиен на 3-ти ноември годинава со неколку куршуми на влезот од неговата зграда на улицата „Владимир Комаров“ во скопски Аеродром.