Saturday, May 4, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМурињо го доведува Игуаин на Олд Трафорд?

Мурињо го доведува Игуаин на Олд Трафорд?

Foto: Getty images

Англиските медиуми пренесуваат дека Мурињо им се доверил на пријателите дека на лето заминува во Манчестер Јунајтед и дека ќе го донесе напаѓачот на Наполи Гонзало Игуаин. Веќе со месеци се шпекулира дека Португалецот ќе се пресели во Манчестер Јунајтед, каде Луј Ван Гал не успеа да се прослави иако потроши околу 200 милиони за трансфери. „Црвените Ѓаволи“ беа елиминирани уште во групната фаза од Лигата на шампионите, во Премиер лигата се во бороба за четвртата позиција со градскиот ривал Сити, а спас се бара и во освојувањето на Фа Купот.

Сепак се чини дека тоа не е доволно за управата на Јунајтед, бидејќи според одредени шпекулации тие веќе ги договориле условите со Мурињо и Португалецот на лето би требало да го превземе клубот, а со себе има план да го донесе голгетерот од Наполи, Гонзало Игуаин. Според овие шпекулации, Мурињо е спремен да плати 70 милиони фунти за Игуаин, кој оваа сезона постигна 30 погодоци на 31 натпревар во Серија А. Сепак, проблем би можела да биде повторно Лигата на шампионите, бидејќи Наполи сигурно ќе игра таму следната сезона, а Јунајтед е на 4 поени од таа позиција во Премиер Лигата која сега ја држи градскиот ривал Манчестер Сити.