Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМртов маж пронајден во Гостивар, а друг се самозапалил во скопско Волково

Мртов маж пронајден во Гостивар, а друг се самозапалил во скопско Волково

Вчера околу 14 часот и 20 минути, страшен настан ја потресе Македонија. Во полициската станица „Чаир“, од екипа на Итната помош било пријавено дека во селото Волково 54-годишниот Ж.У. од Скопје со поливање на непозната течност се самозапалил.

Според податоците од полицијата, истиот се здобил со изгореници во пределот на главата и телото по што бил префрлен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Инаку, скопјанецот е задржан за лекување.

Друга, уште полоша трагедија ја потресе Македонија. Околу 11 часот во Гостивар на улицата „Илинденска“ бб, во поранешните бараки на градежна фирма „Маврово“, во соба, било пронајдено безживотното тело на 70-годишниот Велији Ф. од селото Врапчиште. Од страна на лекар од Итната помош констатирана била смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.

Инаку, телото на починатиот било предадено за обдукција која ќе покаже како настапила смртта.