Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионМрак за новинарите во Турција, над 800 отпуштени и прогонувани

Мрак за новинарите во Турција, над 800 отпуштени и прогонувани

Турција прераснува во една од најлошите земји кога се во прашање медиумските слободи и од почетокот на година од работа се избркани 894 новинари, најголем дел од нив од весниците и телевизијата кои беа дел од медиумската групација блиска до исламистот и активист Фетулах Гулен, инаку главен политички противник на Реџеп Таип Ердоган.

Сцените од упадот во весникот Заман, агенција Диха и апсењето на триесетина новинари се доволни за помрачување на медиумската сцена во Турција. Над 100 илјади веб сајтови се блокирани или забранети.

zaman

Против 12 новинари се покренати обвиненија за “навреда на претседателот”. Во извештајот на “Фридом хаус” за состојбата на турските медиуми се посветува особено внимание на случајот со главниот уредник на весникот “Џумхуриет” Кан Дундар и дописникот на весникот во Анкара Ердем Ѓул, кои добија пет години затвор од судот во Истанбул на 6-ти мај поради “откривање на државна тајна”.