Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТурската полиција изврши упад во опозициски весник

Турската полиција изврши упад во опозициски весник

Турската полиција доцна синоќа упадна во просториите на главниот опозициски весник „Заман“, близок со свештеникот Фетулах Гулен кој се смета за непријател на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Додека полицијата вооружена со водени топови се собирала на улица, инспектори и адвокати ги претресувале истанбулските простории на весникот. „Заман“ соопшти дека претресот претставува „закана за слободата на медиумите“. Минатиот месец иста таква операција е извршена и во опозициска телевизија.

Целта на полицијата се медиуми поврзани со Гулен, кој живее во САД и е еден од најголемите непријатели на Ердоган, чија партија некогаш ја поддржувал. Полицијата извршила претрес по тврдењата дека „Заман“ печател пиратско издание на весникот, кое му припаѓа на мултимилијардерскиот конгломерат Коза-Ипек, чии компании се затворени минатиот месец, согласно истрагата која се води против Гулен и неговата мрежа.

Адвокатите на „Заман“ соопштија дека операцијата е незаконска и срамна, а се случува во момент кога целиот свет е свртен кон Турција поради претстојниот самит.