Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеМладите ќе си ги искажат проблемите преку графити и стрипови

Младите ќе си ги искажат проблемите преку графити и стрипови

Со графити, стенсили, стикери и стрипови триесетина млади луѓе ќе испишуваат пораки низ Скопје преку кои ќе ги истакнат проблемите што ги имаат сите млади луѓе во земјава. Носител на проектот е Фондацијата за дебата и едукација „ИДЕА Југоисточна Европа“.

Изминатиот период во рамки на проектот „Уметност и дизајн за застапување“ се изработени 12 кампањи со уметнички и дизајнерски алатки за застапување на теми важни за младите луѓе во Македонија. Сите кампањи ќе бидат исцртани на ѕидови на фреквентни локации низ главниот град, а се црташе и на ѕидот на бараката на урбаната заедница „Мирче Мацан“. Учесниците работеа на ѕидот на бараката на урбаната заедница спроти Градски парк, а исто така и на ѕидот на спортската сала во основното училиште „Јохан Хајнрих-Песталоци“.

Проектот се реализира со помош на грант што го обезбедува Амбасадата на САД во Македонија, а општина Центар е партнер во проектот и ги обезбедува јавните локации за исцртување.