Friday, Apr 26, 2024
HomeИздвојувамеМитови околу милениците

Митови околу милениците

Имаат ли навистина мачките 9 животи? Дали морските прасиња навистина си ги јадат младите?
Издвојуваме неколку митови околу животните.

-Кучето ја мрда опашката бидејки е среќно што ве гледа.
Не секогаш кучињата ги мрдаат своите опашки кога се среќни, понекогаш од страв или пак кога очекуваат нешто лошо да се случи. Иако генерално треба да се ослунувате на гестикулациите на опашката но тоа не значи дека некое куче нема да посегне да ве касне.
11111
-Морските прасиња си ги јадат младите.
Екстремно ретко но се случува! Овие мали вегетаријанци знаат да си го изедат помладокот!
2222222
-На зајчињата навистина им треба морков!
Морковот содржи многу шеќер, што ги прави зајчињата да бидат тоа што се. Душко Долгоушко ќе ви одговори на останатите прашања.
33333333
-Мачките предат кога се среќни.
Покрај среќа, мачките предат и кога се во болка па дури и пред да починат.
44444444
-Доколку закачите ѕвоно на вашата мачка ќе престане да лови птици.
Тотално погрешно! Доколку закачите ѕвоно на вашата мачка ќе го направите баш спротивното! Тие ќе се адаптираат да се движат без да ѕвони ѕвоното и ќе бидат поумешни во ловењето!
55555555