Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМиноски призна дека Изборниот законик е пречка за исплата на субвенции – зошто ги лажеа земјоделците?

Миноски призна дека Изборниот законик е пречка за исплата на субвенции – зошто ги лажеа земјоделците?

Министерот за финансии, Кирил Миноски призна дека главна пречка за исплатата на субвенциите за земјоделците е Изборниот законик иако досега ги лажеа земјоделците дека можат да се исплатат субвенции поради мислењето дадено од антикорупциската комисија. Досега, земјоделците беа уверувани дека ќе добијат парите и дека Изборниот законик не е пречка. Експертите предупредува дека оној кој во овој период ќе стави потпис за исплата може да се соочи со затворска казна. Соред законот не смее да се врши исплата на субвенции до формирање на нова Влада, која сеуште не е формирана.

На земјоделците од 2006 до 2016 година им се исплатени милијарда и 55 милиони евра субвенции, пред тоа тие воопшто не добиваа субвенции.

Секогаш кога има можност Министерството за Финансии им излегува во пресрет на земјоделците“. – велат од министерството за финансии.

Денеска и министерот за земјоделство Михаил Цветков призна дека исплатата се проблематизира поради Изборниот законик, но уверува дека решение ќе се најде. Не кажа прецизни рокови кога ќе легнат парите на сметките на земјоделците, но тврди дека пари има, а проблемот е во спротиставеноста на Законот за земјоделство и на Изборниот законик. Цветков најави дека ќе побара средба со министерот Миноски.