Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСубвенциите и натаму заглавени во одлуката на Уставен, чекаат и од Финасии

Субвенциите и натаму заглавени во одлуката на Уставен, чекаат и од Финасии

Земјоделците ќе мора да почекаат уште неколку денови бидејќи ниту оваа недела не може да се започне со исплатата на субвенциите. Министерството за финансии ќе ја чека конечната одлука на Уставниот суд пред да почне да ги исплаќа субвенциите,а ваква одлука треба да донесе во среда.

Од Министерството за финансии појаснуваат дека по извршена консултација со Уставен суд им било посочено дека само по основ на решение немаат законска основа да ги исплаќаат субвенциите, туку согласно Деловникот на Судот мораат да почекаат носење конечна одлука која се очекува во среда.

По официјално објавување на конечната одлука на Уставниот суд, од Министерството велат дека нема да има законски пречки и ќе пристапат на исплата на субвенциите.

“Штом Уставниот суд ја донесе конечната одлука во среда и ја објави официјално, Министерството за финансии ќе пристапи кон исплата на субвенциите”, велат од Министерството за финансии.

Извор: utrinski.mk