Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВладата ќе ги направи јавни договорите со странските инвеститори за државни субвенции

Владата ќе ги направи јавни договорите со странските инвеститори за државни субвенции

Владата одлучи да се декласификацират доверливите информации и договори за доделување државна помош, склучени помеѓу Владата и странски инвеститори во Република Македонија, соопшти владината прес-служба.

„Со одлуката на Владата, во согласност со Законот за класифицирани информации и во согласност со препораките на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, поведена е постапка според која Владата на РМ ќе ги направи јавни сите информации и договори за доделување државна помош со странските инвеститори“, стои во соопштението.

По ваквата одлука, Агенцијата за странски инвестиции и техничко-индустриските развојни зони, како и сите други министерства и државни органи што поседуваат класифицирани информации и договори за државна помош, треба да поведат постапка за достапност на овие информации и договори.

Рокот за обелоденување на документите е седум дена. Иницијативата за декласификација на информациите и на договорите за државна помош за странските компании е мерка предвидена со планот „3-6-9“.