Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Времето денеска сончево и топло

МЕТЕО: Времето денеска сончево и топло

Денеска доста топло, првиот ден од последната февруарска недела ќе биде сончев и топол, или поточно кажано – натпросечно топол. Сосема мала облачност се очекува само во крајниот западен регион. Утрото се очекува минимална температура која низ котлините ќе има вредност од 1°С до 4°С, а на повисоките места околу -1°С
Највисоката дневна температура ќе биде во гранисите од 16°С до 18°С низ котлините во западниот и северниот крај, а југоисточниот предел очекува максимална помеѓу 19°С и 22°С.

Во Скопје ќе биде претежно сончево. Минималната температура ќе има вредност околу 2°С, додека максималната околу 18°С.

Позитив.мк Ви посакува убав ден 🙂

Извор: МетеоПро