Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМеси суспендиран четири натпревари!

Меси суспендиран четири натпревари!

ФИФА го суспендира Лионел Меси на четири натпревари за навреда на судија за време на натпреварот Аргентина – Чиле. Фудбалерот на Барселона упати навредливи зборови кон мајката на судијата, кој го запиша тоа во извештајот, и Светската фудбалска федерација реагираше веднаш и го суспендира Меси еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Меси првиот суспендиран меч ќе го одлежи денес кога “гаучосите“ играт против репрезентацијата на Боливија. Тој ќе го пропушти и натпреварите против Уругвај, Венецуела и Перу.