Tuesday, Mar 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПотврдена казната за Лионел Меси!

Потврдена казната за Лионел Меси!

Шпанскиот врховен суд вчера ја потврди пресудата на фудбалерот на Барселона, Лионел Меси кој беше осуден на 21 месеци затвор и парична казна во износ од 2,1 милиони евра.

Со што на аргентинецот му ја одбија жалбата поради пресуда за затајување данок во периодот од 2007 до 2009 година во износ од 4,1 милиони евра.

Исто така, таткото на Меси Хорхе е осуден на 15 месеци. Сепак, шпанскиот закон им овозможува на пресуда помала од две години да можат казната да и биде условна.

Меси се бранеше во судот, тврдејќи дека тој единствено размислувал само за фудбалот, и тој не ги знаел сите детали на договорот и начинот на кој биле спроведувани неговите финансии.