Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМексико: Најмалку 12 лица загинати при судир на автобус со цистерна

Мексико: Најмалку 12 лица загинати при судир на автобус со цистерна

Најмалку 12 лица загинаа, а уште осум се повредени при судир меѓу автобус и цистерна со гориво, во југозападниот дел на Макесико, јави Reuters.

Спасувачките екипи ги извлекуваат телата на настраданите, така што бројот на загинати би можел да биде поголем.

Полицијата појасни дека автобусот патувал крај брегот на Тихиот океан, кога се судрил со цистерната. Причините за несреќата не се познати.