Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДесет загинати во немирите во Венецуела кои избија откако Мадуро прогласи победа

Десет загинати во немирите во Венецуела кои избија откако Мадуро прогласи победа

Претседателот на Венецуела, Никола Мадуро, прогласи победа на изборите за Уставотворно собрание. Повеќе од осум милиони гласачи, или 41,53 отсто вчера гласаа за членови на Уставотворното собрание на Венецуела, а изборниот процес го обележа насилство во кое загинаа десет лица, соопштија властите на земјата.

– Имаме Уставотворно собрание – рече Мадуро, обраќајќи се пред стотина приврзаници во Каракас, откако изборната комисија соопшти дека излезноста на граѓаните изнесува 41,5 отсто.

Опозицијата, сепак, наведува дек изленоста била околу 12 отсто, додавајќи дека власта е подготвена да соопшти дека на изборите гласале 8,5 милиони гласачи.

– Тоа е најголемата победа што револуцијата ја оствари во својата 18-годишна историја – рече Мадуро.
За време на гласањето, демонстрантите се судрија со безбедносните сили, додека голем број Венецуелци го бојкотираа гласањето за Уставотворно собрание, за кое левичарскиот претседател Мадуро вети дека ќе почне „нова ера на борба“ во земјата која е погодена од криза.

Според наводите на властите, при судирите 10 лица загинаа, поради што вчерашниот ден е најсмртоносен откако во април почнаа протестите во земјата.

Мадуро, кој меѓу мнозинството Венецуелци е непопуларен поради економскиот колапс за време на четиригодишното претседателствување, инсистираше на вчерашното гласање да се оформи собрание кое ќе има широки овластувања, и покрај заканите од САД за санкции и повеќемесечните протести на опозицијата.

Критичарите предупредуваат дека собранието би му овозможило на Мадуро да го распушти Конгресот со кој раководи опозицијата, да ги одложи идните избори и да ги измени изборните правила за да го спречи тргањето на социјалистите од власт во оваа своевремено просперитетна земја членка на ОПЕК.