Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМекафи: Панама Документите се само почеток, хакерите нема да седат мирни

Мекафи: Панама Документите се само почеток, хакерите нема да седат мирни

Џон Мекафи како еден од пионерите на интернет сигурноста тврди дека хакерскиот напад на панамската адвокатска фирма Мосак Фонсека е само почеток на откривање на голем број на „црни“ документи кои содржат доверливи информации за светски политичари, криминалци, терористи, но и компании поврзани со ЦИА и тајни служби.
Според Мекафи хакерите ја одбрале совршената жртва бидејќи адвокатските фирми имаат многу слаба заштита на своите сервери и бази на податоци. Мосак Фонсека е четвртата по големина компанија која обезбедува правни услуги за креирање на оф-шор компании и затоа предвидува дека нападите ќе се засилат во наредниот период откривајќи уште поголеми тајни на моќните луѓе.