Sunday, Apr 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноМега концерт на Канго Рок Пророк најавија верните фанови

Мега концерт на Канго Рок Пророк најавија верните фанови

На интернет се поведува голема иницијатива за одржување на мега спектакуларен концерт на музичарот и рок пророк Канго откако го издаде големиот хит Аманет, субвенциониран од државата со неколку илјади евра. Иницијативата веќе привлекува големо внимание и многумина го изразуваат интересот за концертот закажан на Филип Втори стадионот во Скопје.

Шалата на страна не сакаме да ги повредиме чуствата на Канго кој секако е рок легенда, но ова е обид да се изрази револт кон владиното трошење на пари на непопуларни проекти кои наместо да создадат хитови придонесоа за лавина на негативни реакции на социјалните мрежи и во јавноста. Доволно говорат и илјадниците негативни коментари и недопаѓања на видеото поставено на YouTube за „хитот“ Аманет.