Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМасовниот протест заглавен на Рекорд- блокиран е пристапот до Собранието

Масовниот протест заглавен на Рекорд- блокиран е пристапот до Собранието

Протестот кој започна во шест часот пред објектот на Специјалното јавно обвинителство сега се одвива на Рекорд. Демонстрантите се заглавени на улицата пред Собранието од страна на полициските сили и не им е дозволен пристап. Помеѓу толпата демонстранти се наоѓаат  и Стојанче Ангелов и Андреј Жерновски. Граѓаните бараат оставка од претседателот Иванов, почнување на процес за избор на експертска влада и итно суспендирање на распишувањето на парламентарни избори. Протестот за сега е мирен  без инциденти,а се пее и химната на Македонија.

Автор : Емилија Анчевска