Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионМакедонско знаме во канадска емисија ги налути Грците

Македонско знаме во канадска емисија ги налути Грците

Грците се лутат на секој кој ќе покаже симбол кој наликува на македонскиот. Долгата рака на пропагандата на Скопје стигна и во детска емисија од Канада, коментираат грчките медиуми. Се работи за детска емисија која вчера е емитувана на вториот канал на националата телевизија ЕРТ. Деца играат во двор во кој во позадина се гледа знаме кое наликува на националниот симбол на Македонија.

Грчките информативни портали информираат дека се работи за емисија која била во канадско-британска копродукција, „субвенционирана од страна на даночните обврзници на Онтарио“. „Одговорните во ЕРТ соопштија дека не забележале каква пропаганда се прикажува во детските емисии“, јавуваат грчките медиуми кои побарале објаснување од националниот сервис и се лутат на неговата „неодговорност“.