Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалДронот со знаме на Голема Албанија прелета и во Чаир

Дронот со знаме на Голема Албанија прелета и во Чаир

Навивачи на фудбалскиот тим Шкупи од Чаир најверојатно стојат зад летањето на дронот на кој е закачено знамето со карта на Голема Албанија.

Денес дронот со Голема Албанија прелета и во Чаир каде се играше натпревар со Вардар во Првата македонска фудбалска лига, па се очекува официјална реакција од ФФМ како и надлежните власти.

Овој дрон со знаме предизвика огромен инцидент во Белград на натпревар меѓу Србија и Албанија, а уште тогаш се претпоставуваше дека бил прошверцуван на стадионот од страна на македонски државјани.