Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДОМ: Албанското знаме во кабинетот на Џафери е провокација

ДОМ: Албанското знаме во кабинетот на Џафери е провокација

Партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро реагира на поставувањето знаме на друга држава во кабинетот на претседателот на Собранието. Собранието е симбол за парламентарната демократија на Република Македонија како држава, а функцијата претседател на Собранието е втора највисока функција по значење, соопшти ДОМ.

„Знамето е државен, а не национален симбол. Затоа ваков гест е апсолутно неприфатлив и спротивен на Уставот и законите и ги повредува чувствата на сите граѓани кои Македонија ја почитуваат како своја држава. ДОМ се прашува дали се работи за смислена провокација и бара ваков инцидент да не се повтори, зашто тоа би значело свесно потпалување на и онака зовриените страсти. На Македонија во овој миг ѝ треба мирен и демократски трансфер на власта, за да се зачува граѓанскиот и унитарен карактер на државата и да се овозможи трајна стабилност и просперитет на нејзините граѓани. Сите заедно треба да работиме на смирување на тензиите и помирување помеѓу граѓаните со различна припадност по било која основа“, соопшти ДОМ.