Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМакедонија сепак поразена во средбата со Албанија

Македонија сепак поразена во средбата со Албанија

Македонската репрезентација и покрај тоа што синоќе беше прекинат натпреварот при резултат од 1:1 и пишувавме дека ќе си заминеме од Албанија со поен, сепак после денешното доигуравање на средбата Македонија повторно немаше среќа и забележа, несреќе пораз од Албанија од 2-1 на првиот натпревар од квалификациите за СП 2018 во Русија.

Во доигрувањето на средбата во Скадар, кој синоќа беше прекинат поради силно невреме, Албанците не покажаа некаква имоќ или игра на теренот но со погодок на Балај во 89. минута од средбата, директно од слободен удар од околу 30 метри откосо, после катастрофално реакција на наашите дефанзивџи, топката го изненади голманот Захови и беше совладан.

Во 92. минута Македонија имаше одлична можност за гол, но ударот на Бесарт Ибраими, по убавата акција на Петровиќ и Ристовски, го одбрани Бериша, а при одбиената топка Шиков беше соборен во домашниот шеснаесетник, но за главниот судија немаше удар од белата точка. До крајот не остана многу, а Албанија успеа да го одбрани резултатот и да дојде до овој триумф.