Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМакедонија да не се претвори во камп за бегалците

Македонија да не се претвори во камп за бегалците

Министерот за надворешни работи Никола Попоски при средбата со неговиот чешки колега Лубомир Заоралек потенцираше дека Македонија не смее да прерасне во камп или паркиралиште за бегалците и дека сите кои досега влегле на наша територија не се „падобранци“ туку приминале граница на држава од Европската унија. Заоралек е во посета на Скопје со цел да асиситира при наоѓање на заедничко решение при кое ниту една држава нема да биде оштетена. popovski1

„Бараме решение во кое Грција ќе има дел, немаме никаков интерес таа да биде во каша, но нема да дозволиме да се реализираат еднострани решенија што ќе бидат на наша штета. На наша штета ќе биде ако Грција се претвори во паркиралиште за мигранти, а нема да дозволиме и Македонија да се претвори во паркиралиште за мигранти. Ќе обезбедиме сместување за секој основан барател на азил, но нема да дозволиме да бидеме претворени во бегалски камп“ – изјави министерот Попоски.

Сепак, ако гледаме кон ЕУ се почести се негативните реакции кон бегалците и се прават тактики за нивно отежнато добивање на азил. Ако приливот не се намали тогаш Грција и Македонија се соочуваат со најголема опасност од илјадници мигранти заглавени на нивна територија. Заоралек утре ќе ја посети и Грција.