Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепублика„Македонија без отпад 2015“ по четврти пат

„Македонија без отпад 2015“ по четврти пат

Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка  Град Скопје и општините во Република Македонија со нивните jaвни претпријатија и граѓанската асоцијација „Ајде Македонија“ по четврти пат ја организираше акцијата за расчистување депонии на повеќе урбани места на територијата на целата земја.

„Македонија без отпад 2015“ беше збогатена со присуството на заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски и градоначалниците на град Скопје, Коце Трајановски и на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски, како и словенскиот амбасадор Бранко Раковец и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија  Чарлс Едмунд Гарет.