Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет„Мајката на сите протести“ зеде 22 животи: Венецуела во бело во знак на жалост

„Мајката на сите протести“ зеде 22 животи: Венецуела во бело во знак на жалост

По неколку недели тензични и насилни протести во Венецуела, во кои 22 луѓе досега загинаа, Венецуелците вчера излегоа облечени во бело во знак на жалост. Во Каракас неодамна во еден ден загинаа 13 луѓе на протестите. Девет од нив починаа по електрошокови а уште тројца биле застрелани. Шестмина се здобиле со прострелни рани откако во хаосот, демонстрантите кршеле продавници за алкохол, пекари, а неколку напади се случија и во метрото на градот.
protest venecuela 1
Во првите две недели во април, шестмина беа убиени, а уште тројца минатата среда, во протестите кои опозицијата ги нарече „мајката на сите протести“, поради масовноста на луѓето на улиците. Поддржувачите на опозицијата и полицијата се судрија овој месец, откако опозицијата побара од претседателот Николас Мадуро да се повлече бидејќи, како што тврдат тие, ја загрозувал демократијата во државата.