Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСАД најавува санкции против Венецуела

САД најавува санкции против Венецуела

Американските власти остро ги осудија изборите за членови на Уставотворното собрание во Венецуела и најавија „брзи и одлучни мерки“ против владата на социјалистичкиот претседател Николас Мадуро.

„САД ги осудуваат изборите што го загрозуваат правото на народот на самоопределување“, наведе американското министерство за надворешни работи и додаде дека САД ќе преземат „брзи и одлучни“ против Венецуела.

САД и претходно се заканија со санкции.

Повеќе од осум милиони гласачи, или 41,53 отсто, гласаа вчера за членови на Уставотворно собрание на Венецуела, кога почнаа насилствата во кои загинаа десет лица.

Опозицијата, која ги оспори изборите, смета дека Мадуро планира со измени на уставот за да го заобиколи избраниот Конгрес, каде опозицијата има мнозинство, но и за да ги избегне претседателските избори кои треба да се одржат кон крајот на 2018 година.