Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСинот на Мадуро му се закани на Трамп – со пушки ќе ја заземеме Белата куќа

Синот на Мадуро му се закани на Трамп – со пушки ќе ја заземеме Белата куќа

Гуерa Мадуро, синот на претседателот на Венецуела Никола Мадуро, се закани дека ќе ја заземе Белата куќа со оружје доколку претседателот на САД, Доналд Трамп испрати војска во неговата земја.

Белата куќа го осуди режимот во Венецуела поради кршењето на човековите права, а минатата недела Трамп рече дека не ја исклучува можноста за воена интервенција во оваа земја.

Синот на Мадуро му одговори на Трамп, но погрешно ја одредил локацијата на седиштето на американскиот претседател, па наместо Вашингтон, го споменува Њујорк, пренесува „Си-ен-ен“.

– Ако се оствари тој неверојатен чин на напад на нашата татковина, пушките ќе стигнат во Њујорк. Господине Трамп, ние ќе дојдеме да ја заземеме Белата куќа – изјави Гуерa Мадуро.