Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМајка обвинува учител дека му ја дупнал главата на нејзиниот син – тој негира

Мајка обвинува учител дека му ја дупнал главата на нејзиниот син – тој негира

Седумгодишниот Б.С, второодделенец од училиштето Васил Главинов во Велес бил жртва на физично насилство од страна на професорот Д.К. од истото училиште, објави Канал 5.

Според изјавата на мајката, Даниела Стефанова, нејзиниот син се спречкал со друго дете и учителот се впуштил да ги раздели по што силно го удрил нејзиниот син во тилот и го бутнал во ѕидот каде си го расекол челото.

– Го удрил син ми во главата од позади и тој заврши во ѕидот. Го носев и на шиење. Директорката не презема ништо вели дека тој бил солиден наставник и ова „ете се случило“. Јас и се развикав и ми вели „ако не ви се допаѓа професорот сменете го училиштето“. Ми велеше дека не сум била културна што не сум ја персирала – вели Стефанова за Либертас и додава дека учителот бил партиски заштитен веќе извесен период.

Стефанова пријавила и во полицијаод каде ја препратиле во Општината Велес, кај инспектор за школство.

„Што и да направиле децата, учител не смее така да реагира. Крајно е вонемирувачко, жално и неправедно. Самохран родител сум, работам во конфенција. Правам се за да има спокојно и среќно детство. Детето ми е жртва на насилство во училиштето“ вели Стефанова.

Од училиштето за Канал 5 не дале конкретен одговор дали се точни изјавите на родителот.
Сепак тврдат дека стручната служба ќе разговара и со двете страни и со останатите ученици за да дознаат како детето се здобило со раната.

„Се уште случајот не е испитан до крај за да можам да кажам што точно се случило. Сепак јас тврдам дека ситуацијата не е таква и треба да се испита и ќе се испита во текот на овие денови“ – изјави за телевизијата Лилјана Николовска Коцева – Директор на ООУ „Васил Главинов“