Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЛокалитетот Баргала мета на вандализам, оштетени се 12-тина питоси

Локалитетот Баргала мета на вандализам, оштетени се 12-тина питоси

Околу 12 керамички садови за чување на прехрабрени намирници наречени питоси се уништени во археолошкиот локалитет Баргала, Штипско. Станува збор за експонанти стари повеќе од 17 века кои биле лоцирани во североисточниот дел на локалитетот.

Иако самиот музеј е под 24-часовен надзор, ова е втор пат несовесни граѓани да уништуваат културно – историско богатство од непроценлива вредност. Штипските полициски службеници извршиле увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.