Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРШтипјанецот е главна фаца во германската ТВ серија “Аларм за кобра“

Штипјанецот е главна фаца во германската ТВ серија “Аларм за кобра“

Бранко Грков е каскадер кој е роден во Штип има 26 години и веќе 3 години се занимава со оваа работа. Тој за кусо време направи одлична кариера снимајќи голем број на филмови и серии во Европа.
image3

Тој во 2012 година замина од Штип во Келн, по некоја случајност тој влегол во оваа работа и веќе успешно скоро три и пол години работи како каскадер а негова најпозната серија е германската хит серија „Аларм за Кобра 11“. Тој знае дека оваа професија е полна со адреналин но и краткотрајна бидејќи има чести повреди а и со текот на годините пристигнуваат млади момци. Па така тој работи и сака да постане акционен глумец.

“Отсекогаш имав желба да видам што повеќе од светот, така што во 2012 година по дипломирањето го напуштив мојот роден град и се преселив во Келн, Германија, подготвен за нови предизвици и желба за успех. Многу брзо се прилагодив и се пронајдов во овој град, фасциниран од неговата инфраструктура, менталитет, дисциплина и животен стил. На почетокот додека го учев јазикот и се интегрирав во тамошниот начин на живот, работев како келнер во ресторан каде ја запознав мојата сегашна девојка која работеше како костимограф на филмот „Кобра 11“ и имав можност да бидам присутен на снимањето на една од акционите сцени. Ме фасцинираа сцените со автомобили, судирите, експлозиите и лудите возења низ улиците во Келн. Тогаш во мене се јави желбата да седам во тој автомобил што беше речиси четири метри во воздух и се превртуваше на асфалтот“, вели Бранко.

По три и пол години искуство тој ги има позициите на каскадерски техничар, акционен актер, каскадерски дублер,а особено се издвојува како каскадерски возач.

“Каскадерите мора да се грижат за сигурноста на целиот тим и за материјалните трошоци. На пример, кога во некоја сцена возиш автомобил преку некоја рампа и леташ во воздух над четири метри, па слетуваш на асфалтот, а автомобилот се превртува каскадерот има задача да остане смирен, да го контолира адреналинот и да изреагира на најбрз и најсигурен начин да не повреди некој од 60-члениот тим кој што стои зад камерите. Тие се во секој случај на сигурна дистанца, но ризикот секогаш постои. Каскадерските сцени имаат посебна тежина затоа што поради целата подготовка и сите пари вложени во нив, имаме можност да ги снимаме само по еднаш“, објаснува Бранко.
14073290_837820949653199_1881160036_n

Сигурно се прашуваме сите зошто оваа серија е толку гледана и трае веќе 21 година, како што објаснува Бранко оваа серија сцените не ги прави преку компјутер, сите се изведуваат во живо со каскадери.

“Сите акциони сцени во серијата се изведени во живо и благодарение на професионалниот тим кој работи заедно над 20 години безбедноста е на одлично ниво. Досега не сум се повредил посериозно, модрите дамки и шинување некој зглоб е нормална работа за нас, а можам да кажам дека сме исто осигурани како и сите светски познати спортисти“, објаснува Бранко.

Тој има работено на многу филмови но еден од најпознатите е сигурно „Out of Control“ повеќето од вас се надевам го имате гледано овој акционен филм. Бранко во Штип дипломираше, и тој е дипломиран компјутерски дизајнер но никогаш нема работено на оваа струка. Бидејќи како што вели тој се пронајдел во каскадерството и адреналинот со што го исполнува својот живот.

Му посакуваме голем успех на Бранко Грков па да се исполни неговата желба и да го видиме во Холивуд како акционен глумец.