Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисЛина Ѓорческа со најдобар пласман во кариерата

Лина Ѓорческа со најдобар пласман во кариерата

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорчевска на најновото рангирање на ВТА-листата забележа скок од 15 места и сега се наоѓа на 345. позиција што е најдобро во нејзината кариера.
Скокот од 15 позиции се должи на новите освоени девет бода по одличниот настап на турнирот во Хехинген и со крупни чекори напредува во женскиот светски тенис.

Лина успеа да помине две кола, по што беше поразена во четвртфиналето од првата носителка Ромина Опранди од Швајцарија, но претходно успеа да ја совлада шестата носителка на турнирот Фиона Феро од Франција со 2-0 по сетови.

Втората македонска тенисерка на ВТА-листата, Магдалена Стоилковска, оваа седмица ќе биде 1.231. тенисерка во светот.