Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисНаместен и натпревар во мешани двојки на Австралија Опен !?

Наместен и натпревар во мешани двојки на Австралија Опен !?

Светот на тенисот го тресе нов скандал за наводно местење откако на мешаната двојка Лукаш Кубот и Андреа Хлавацкова биле вложени речиси сите облози на повеќе онлајн сајтови со суми и до 100 илјади евра, додека пак на нивните противници парот Давид Мареро и Лара Аруабарена никој не се обложувал по што натпреварот е веднаш стопиран за нови облози.

mesani dvojki2Кубот и Хлаваскова го добиле натпреварот со 6:0 и 6:3 и тврдат дека не станува збор за никакво местење ниту пак корупција. Телото за истрага на наместени натпревари им пристапило и на нивните противници кои тврдат дека не се виновни, а Мареро посочува дека има повреда на коленото и затоа одиграл лошо.