Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисРафа Надал шокиран во првото коло на Австралија Опен

Рафа Надал шокиран во првото коло на Австралија Опен

Шпанскиот ас Рафа Надал го доживеа еден од најтешките порази во кариерата и е елиминиран во првото коло од Гренд слем турнирот Австралија Опен на кој пристигна како петти фаворит. Зачудувачки Надал не можеше да ги искористи 91-та неизнудени грешки на Фернандо Вердаско кој имаше пак, сигурен прв сервис со 20 ас поени и 90 винери.
verdasko ao 2016
Натпреварот се решаваше во петтиот сет и Вердаско направи одличен брејк за освојување на сетот со 6:2 и елиминација на некогашниот шампион кој прв пат губи во прво коло на Гренд слем турнирите што е добар показател дека неговата кариера полека оди во многу надолна линија.