Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЛестер и Јувентус подготвуваат „трампа“?

Лестер и Јувентус подготвуваат „трампа“?

Италијанците не го кријат интересот, исто како и Англичаните, но одлуката треба да ја донесе играчот. Н’Голо Канте е слободен за 25 милиони колку што и изнесува клаузулата во неговиот договор, чека Реал, иако во игра е и Јувентус. Италијанците имаат мамец за Лестер, во прашање е одличниот Марио Лемина, кој е голема желба на Клаудио Раниери. Овој фудбалер најпрво дојде како позајмен од Марсеј, па подоцна Јувентус го откупи неговиот договор.

Јувентус би можел да го жртвува како дел од пакетот за Канте, во тој случај фудбалерот од Габон ќе послужи за да се намали паричниот износ на целиот трансфер. Се чини дека Лестер не би имл ништо против ова, Канте сака да замине, но Французинот гледа кон Реал Мадрид.

Канте

Се чека Флорентино Перез, тој минатото лето одби да го ангажира Канте бидејќи процени дека одличниот везист не е „фудбалер од светска класа“, односно дека не е доволно атрактивен за навивачите. После неверојатната сезона во Премиер лигата нештата се променија, Зидан инсистира да го доведе, па и ако Лестер постигне договор со Јувентус, Канте може да одбие да се пресели во Италија.