Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЈувентус го смени името на стадионот

Јувентус го смени името на стадионот

Од почетокот на следната сезона, односно од 1 јули оваа година, Јувентус стадионот ќе се вика “Алијанц Стадион”.

Ова беше одлучено од управата по преговорите со популарната компанија во областа на осигурувањето, компанијата која веќе долго време е во фудбалот и која спонзорира многу фудбалски клубови.

По оваа компанија носат имиња многу стадиони низ светот, за кој на нас најпознат сигурно е “Алијанц Арена”, на кој игра Баерн Минхен.

Освен стадионот на Баерн Минхен, тука се уште: “Алијанц Стадион” во Сиднеј, “Алијанц парк” во Лондон, “Алијанц Ривиера” во Ница “Алијанц парк” во Сао Паоло и “Алијанц Стадион” во Виена.