Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалШчесни замина во Јувентус

Шчесни замина во Јувентус

Полскиот голман Војчек Шчесни кој има 27 години и е во редовите на “Топџиите“ од 2006 година, замина за Јувентус за трансфер вреден 14 милиони евра.

Една година пред истекот на договорот тимот од Лондон заработи добра сума на пари за играч на кој веќе неколку години не планира Арсен Венгер, тој ги помина последните две сезони на позајмица во Рома за кого бранеше на 72 натпревари.

Го сакаше и Милан поради заминувањето на Донарума, но старата дама беше финансиски дарежлива и конкурентно попривлечна.

Шчесни ќе го замени Џанлуиџи Буфон на кого му остана уште една година од договорот со Јувентус пред да замине во пензија.