Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКвалитетен мед на првиот саем во Струга

Квалитетен мед на првиот саем во Струга

Производителите на мед од Македонија за прв пат ќе организираат саем во Струга со цел на подобар начин да ги претстават предностите на овој природен продукт кој е корисен за многу здравствени состојби. За граѓаните е најважно да знаат како да го препознаат квалитетниот мед и да купуваат од проверени производители. Манифестација е организирана од Здружението на пчелари „Матица“ од Струга, а помогната од Мрежата за рурален развој од Македонија и градоначалникот на Општина Струга.