Wednesday, May 8, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКуман нов тренер на Евертон

Куман нов тренер на Евертон

Довчерашниот тренер на Саутемптон Роналд Куман од наредната сезона ќе го води тимот на Евертон, пренесуваат англиските медиуми. „Карамелите“ платиле сума од околу пет милиони евра за услугите на 53-годишниот Холандски тренер кој ќе ги напушти „светците“ после две сезони поминати таму.

Евертон остана без тренер откако му беше врачен отказна Роберто Мартинез по завршувањето на оваа сезона. Евертон оваа сезона ја заврши на лоша 11 позиција на табелата, а Шпанецот претходно вети дека после минатогодишната добра сезона ќе направи се за да обезбеди место со кое ќе има шанса да игра квалификации за Лига на шампиони.

„Светците“ под водство на Роналд Куман оваа сезона завршија на седмата позиција во лигата. Во својата професионална тренерска кариера покрај Саутемптон Куман ги водеше и екипите на Витесе, Ајакс, Бенфика, ПСВ, Валенсија, АЗ Алкмар и Фејнорд. Со Ајакс и со ПСВ го освојуваше холандското првенство.