Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалMарсело Бјелса пронајде нов клуб за наредната сезона

Mарсело Бјелса пронајде нов клуб за наредната сезона

Разумно, на крајот на сезоната се сведуваат сите смеетки, но први на удар се тренерите.

Лил е уште еден од многуте клубови кои се одлучија за промена на чело на тренерскиот персонал. Френк Паси нема да го води клубот во новата сезона, а ангажираа ново познато лице Mарсело Бјелса.

Овој 61-годишен Аргентинец потпиша двегодишен договор со францускиот тим, ова ќе му биде втор ангажман во Франција претходно во 2014-2015 година ја предводеше екипата на Марсеј.

Сопственикот на Лил Џерард Лопез е исклучително задоволен од успешните преговори и има големи очекувања за новата сезона.