Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКривичниот суд ќе расправа за казните на Јанева и Фетаи

Кривичниот суд ќе расправа за казните на Јанева и Фетаи

Врховниот суд го вратил предметот „Насилство“ до скопска Апелација и донел одлука со која за казните за навреда на судот и судијата од по 2000 евра, кои судијката Татјана Михајлова им ги изрече на обвинителките на СЈО, Катица Јанева и Фатиме Фетаи, треба да одлучува кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, пренесува „Точка“.

Од највисокиот суд за „Макфакс“ потврдија дека Врховен донел одлука за овој предмет за судир на надлежности и на 20 јули го испратиле до скопска Апелација, која, пак, треба да го врати во кривичниот суд. Токму поради фактот што предметот беше испратен на одлучување до Апелација, судијката Михајлова го одложи минатото рочиште за предметот, во кој првообвинет е експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а обвинети се и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

Обвинителката Фетаи, откако не ѝ беше даден збор од Михајлова, ѝ рече на судијката дека не е дојдена во судот за да види колку е убава, а потоа ја обвини Михајлова дека направила фалсификат со записникот од претходното рочиште. Во февруари Фетаи и Јанева поднесоа жалби до Основниот суд Скопје 1 против одлуката на Судот со која на јавните обвинителки им беа изречени парични казни од вкупно 4000 евра.

Обвинетите за насилство повеќе не ги брани адвокатот Никола Додевски бидејќи тој е сведок во случајот на СЈО „Талир“ за перење пари и нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.