Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКоѕиас кон крајот на август доаѓа во Скопје

Коѕиас кон крајот на август доаѓа во Скопје

Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас ќе дојде во Македонија на крајот на август, објави амбасадорот на Македонија во Атина, Дарко Ангелов.

Како што пренесува „Макфакс“, во интервју за грчки портал, во пресрет на посетата на медијаторот Метју Нимиц, Ангелов оценува дека односите со Грција остануваат главен приоритет за македонската влада и дека контактите ќе бидат зајакнати, и по квалитет и по интензитет.

„Итноста за наше членство во НАТО доаѓа од фактот што ги исполнивме условите за членство, особено оние што се поврзани со техничките, воени критериуми. Следната година ќе бидат десет години откако сме во ова лимбо. Сепак, нашето членство во НАТО е прашање на политиката за поширокиот регион, политиката на стабилизација и испраќање на силен сигнал за сите во регионот и пошироко дека Балканот е тука за да биде и да остане стабилен. Затоа ние веруваме дека нашето членство во НАТО требаше да се случи одамна , не само за наше добро, туку и во интерес на просперитетот на регионот, а јас би се осмелил да кажам и за доброто на интересите на Грција“, порачал Ангелов.

Според него односите ќе се подобрат само со поголема практична соработка на двете држави што ја имало премалку во претходните дваесетина години, која освен преку Министерствата за надворешни работи треба да се прошири и на другите министерства и агенции во земјата..