Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКосовецот кој се закануваше на папата доби 7 месеци затвор

Косовецот кој се закануваше на папата доби 7 месеци затвор

Косовецот Самет Имиши (42), кој беше уапсен на 1 декември минатата година во рамките на заедничка акција на италијанската и косовската полиција, беше осуден на седум месеци затвор од страна на Суд во Косово.

„Имиши беше обвинет, меѓу друго и за пропаганда за ИД преку својот пофил на Фејсбук. Ова е прва одлука од ваков вид во Косово. Тој беше уапсен во местото Генерал Јанковиќ, кое е позно по големиот број радикални исламисити“, пишува приштинскиот весник „Експрес“.

Во неговата куќа полицијата пронашла оружје и директни врски меѓу него и активни џихадисти во Сирија, како и поврзаност со косовскиот „џелат“ Лавдрим Мухаџери. Освен Имиши, во текот на заедничката италијанско-косвска акција беа уапсени уште тројца Косовци, обвинети за тероризам и за поттикнување расна омраза.

Италијанские медиуми претходно јавија дека групата на Имиши, меѓу другото, упатувала закани и по животот на папата Франциско. Овој папа ќе биде и последен, била една од заканите на групата